Горан Папаз ќе свири пред Папата во Католичката црква

На покана од Католичката црква, во вторик, на 7-ми мај, охридскиот музичар, саксофонист, Горан Папаз ќе биде специјален музички гостин и ќе настапи пред Папата Франциск.

Настанот ќе се одржи во дворот на Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, по 14. 30 часот, каде Папата ќе има екуменска и меѓурелигиска средба со младите.

Папаз ќе биде гостин на црковната музичка група „Агапе“ со која ќе се претстават со три композиции.

 

Текстот Горан Папаз ќе свири пред Папата во Католичката црква е превземен од Reporter.mk.