Фолк-пејачот Горан Тодоровски одбележува 25 години кариера. За јубилејот тој го промовира новиот албум „Една по една“, на кој работеше две години со Сашо Ливрински, Дејан Миленковски, Огнен Неделковски, Орце Зафировски и Ице Беличев. Ова е осми албум на Горан.
Познатиот фолк-пејач кариерата ја почна 1994 година на „Сенатор фест“. Тогаш ја испеа песната „Како божица“. По неа, Горам испеа голем број хитови, а учествуваше и на сите големи фолк-фестивали во земјава. Во текот на кариерата освои многу музички награди и сними неколку дуети.
Текстот Горан Тодоровски промовира нов албум за 25 години кариера е превземен од Reporter.mk.