Градоначалникот на Кисела Вода на гласање со бебето

Градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, туркајќи ја количката на неговиот четиримесечен син, попладнево излезе на гласање за референдумот. Тој гласаше во ОУ „Кузман Јосифовски Питу“. Со него беше сопругата Ивана, а друштво им правеше и директорот на Зоолошка градина Скопје, Ѓорѓи Галетановски.

35-годишниот градоначалник, освен по своите политички ангажмани, неодамна беше актуелен во јавноста заради раѓањето на синот, кој е негово прво дете. Веста дека станал татко тој самиот ја сподели со своите пријатели на „Фејсбук“.

„Добредојде синко во претставата наречена живот. Претстава со многу чинови и многу актери. Нека во животот те пратат многу здравје среќа и љубов. Храброст, чесност и искреност нека ти бидат ѕвезди водилки. Да си ми жив уште 100 години“, напиша тогаш Темелковски, но не го откри името на момчето.

 

Текстот Градоначалникот на Кисела Вода на гласање со бебето е превземен од Reporter.mk.