Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, попладнево во кабинетот ќе ја прими хрватската ѕвезда Северина.
Таа вечерва треба да настапи на штипската „Пастрмалијада“. Службата за информирање од Кабинетот на градоначалникот Бочварски за средбата со Северина испрати до медиумите соопштение со покана за средбата, но без објаснување за што ќе разговараат.
Средбата ќе се одржи во кабинетот на градоначалникот во 16 часот.
Текстот Градоначалникот на Штип попладнево на средба со Северина е превземен од Reporter.mk.