Грејс Џонс на 70 години ѕвезда на ревијата на Томи Хилфигер

Поранешната пејачка, модел и глумица, Грејс Џонс, беше ѕвезда на ревијата на Томи Хилфигер што викендов се одржа во Париз. На ревијата познатиот дизајнер ја промовираше колекцијата што ја направи во соработка со американската глумица Зендаја.

Колекција е инспирирана од модното шоу „Битка за Версај“ од 1973 година, на коешто своите креации ги претставија некои од најголемите дизајнерски имиња од тоа време, меѓу кои Кристијан Диор, Ив Сен Лоран и Оскар де ла Рента. Оваа ревија се смета за пресвртница во американската мода. Ова е една од првите ревии на кои се појавиле и црни модели.

70-годишната Џонс, која е со потекло од Јамајка, учествуваше во оригиналното шоу „Битка за Версај“ пред 46 години.

Текстот Грејс Џонс на 70 години ѕвезда на ревијата на Томи Хилфигер е превземен од Reporter.mk.