Композиторот Григор Копров ќе ја добие наградата за животно дело на 22 издание на „Златна бубамара на популарноста“. Тој наградата ја добива за 45 години успешна творечка дејност, велат организаторите на манифестацијата.
„Григор Копров ги допре врвовите на музичката уметност. Во неговите композиции се испреплетуваат македонското фолклорно творештво и современите музички трендови. Неговите композиции на невeројатно лесен начин допираат до слушателите, предизвикувајќи неоткриени емоции кај секој што ги слуша. Затоа, најголемиот број од неговите копозиции низ годините станаа евергрини“, велат од тимот на „Бубамара“.
Во својата долга кариера, Копров како пејач снимил сингл-плоча, на која ги пее своите две песни „Ти волиш опет неког“ и „Опростимо свима“, во 1993 година. Соработувал со Сенка и Зафир, Маја Оџаклиевска, Мери Цетиниќ, Владо Калембер, Тоше Проески, Калиопи, Владо Јаневски, Ана Костовска, Силви бенд, Каролина Гочева и многу други. Три пати негова песна ја претставуваше Македонија на Евросонг: „Не зоро зоро“ на Владо Јаневски, „Мојот свет“ на Каролина Гочева и „Русинка“ на Влатко Илиевски, а еднаш беше автор и на песна на Црна Гора – „Заувјек волим те“ на Стефан Филиповиќ. Тој веќе 25 години е уметнички директор на фестивалот „Охрид фест – охридски трубадури“, кој го основаше самиот.
Текстот Григор Копров со „Златна бубамара“ за животно дело е превземен од Reporter.mk.