Публиката во ‘Борис Трајковски’ застана на нозе да му аплаудира на дванаесетгодишниот Марко Пејчиновски кој вечерва доби Златна бубмара за спортски подвиг.
Марко лани со инфаркт на нозтете исплива 30 километри во Охридското Езеро.
„Догодина имам нова цел ќе пливам за децата со ретки болести. Со ваша поддршка ќе успеам“, рече Марко на сцената.
Марко лани за 9 часа го преплива Охридско Езеро со преживеан инфаркт на долните екстремитети и исплива 30 километри од Свети Наум до пристаништето во Охрид.
Со тоа стана најмладиот маратонец. За овој подвиг Марко се подготвуваше една година.
Текстот Громогласен аплауз ечи во салата, бубамара за Марко кој со инфаркт на нозе го пливаше Охридското Езеро е превземен од Reporter.mk.