Експремиерот Никола Груевски следниот петок, на 6 јули, на Економскиот факултет во Скопје ќе ја брани докторската дисертација. Темата на докторатот е „Економските ефекти на различните видови меѓународни текови на капитал, со посебен осврт на Република Македонија“. Одбраната е закажана за 12 часот.
Комисијата професори во состав: Методија Несторовски, Михаил Петковски, Владимир Филиповски, Љубе Трпески и Живко Атанасовски дала позитивно мислење за докторатот.