Британската рок група „Квин“ е побогата од кралицата Елизабета Втора, пишува Sunday Times. Тројцата живи членови на бендот, Брајан Меј, Роџер Тејлор и Џон Дикон се на прво место на нивната листа најбогати луѓе во земјата, Rich List. Нивното богатство е проценето на 522 милиони евра, а кралицата Елизабета Втора има богатство од околу 434 милиони евра.
Тројцата музичари последнава година се збогатија дополнително по прикажувањето на филмот „Боемска рапсодија“. Заради филмот секој од членовите на бендот заработил по 33 милиони долари. Филмот го прикажува животот на пејачот на „Квин“, Фреди Меркјури, кој почина на 45-годишна возраст во 1991 година од СИДА.
Текстот Групата „Квин“ е побогата од англиската кралица за 100 милиони евра е превземен од Reporter.mk.