Поп-пејачката Гвен Стефани и кантри-пејачот Блејк Шелтон бараат сурогат мајка за своето прво дете, пишуваат американските медиуми. Тие се повикуваат на извор близок на двојката, кој рекол дека по тригодишна врска Блејк и Гвен се подготвени да станат родители.
„Во тек се последните подготовки да најдат вистинска жена што ќе го носи нивното дете. На Гвен ѝ е многу важно да има биолошко дете со Блејк, а тој е многу возбуден од идејата“, вели изворот.
Гвен (49) од првиот брак со Гевин Росделј има три деца, Кингстон, Зума и Аполо. Блејк, пак, нема деца од првиот брак со кантри-пејачката Миранда Ламберт.
Текстот Гвен Стефани и Блејк Шелтон бараат сурогат мајка е превземен од Reporter.mk.