Американската пејачка Гвен Стефани вчера пееше во Дизниленд облечена како принцеза во розов фустан со зелена панделка. Пејачката го комбинираше фустанот со розови чевли и блескав накит. Таа на настапот пристигна во кочија со облик на топка, украсена со бели цветови. Креацијата на Гвен го привлече вниманието на светските стилисти, кои ја опишаа како фустан од бајките. Фустанот го креираше либанскиот дизајнер Реем Акралена. Фустанот на Гвен чини 12.570 фунти.
Стефани испеа неколку божикни песни во Дизниленд, а нејзиниот настап ќе се емитува на 29 ноември на американската телевизија „Еј-би-си“ и на каналот „Дизни“.
Текстот Гвен Стефани принцеза на „Дизни“ е превземен од Reporter.mk.