Холивудската глумица Гвинет Палтроу на медениот месец со сценаристот Бред Фалчук го зела и поранешниот маж, Крис Мартин, пејачот на „Колдплеј“. Со нив биле и двете деца на Гвинет и Крис, Епл и Мозес, но и неколку други членови на семејството.
„Тоа беше многу модерен меден месец. Отидовме на Малдивите и имавме еден голем семеен меден месец за Божик. Беа мојот нов сопруг со неговите деца, моите деца и поранешниот сопруг, наши најдобри пријатели. Одлично си поминавме“, рекла таа во интервју.
Гвинет се омажи со Бред во септември лани. Со Крис Мартин, пак, се раздели во 2014 година, по десет години брак. Тие и понатаму се дружат, а глумицата често објавува слики на кои се заедно нејзиниот сегашен и поранешен маж.
„Ние сме едно големо, модерно, среќно семејство. Сакавме да ја намалиме болката на нашите деца. Тие сакаат да седат на иста маса со своите родители и се обидовме да го задржиме тоа“, додала глумицата.
Текстот Гвинет Палтроу на меден месец го зеде и поранешниот маж е превземен од Reporter.mk.