Хајди Клум и нејзиниот 16 години помлад дечко, Том Каулиц, ќе прават свадба, објавија странските медиуми. Еден од најпознатите модели во светот вече го одредила датумот на нивната венчавка.
„Да, мислам дека го одредивме точниот ден кога ќе застанеме пред олтарот, но ќе дознаете повеќе за тоа подоцна”, рече Хајди за „Ентертејмент тунајт“ и истакна дека сè се одвива според планот.
„Двајцата сме Германци и многу сме организирани, сè ќе биде на време готово како што одредивме”, кажа 45-годишната Хајди, која се сврши со поранешниот член на групата „Токио Хотел“ на крајот на декември 2018 година.
Хајди зад себе има два брака, со музичарот Сил и Рик Пипин. Но и покрај тоа, дизајнерката и модел тврди дека сè уште верува во љубовта.
„Двапати се венчавав, јас сè уште верувам во љубов и брак, иако направив две грешки. Се чини дека ова навистина не функционира за мене, но најдов одлична личност, па ќе видиме како ќе се одвиваат работите”, вели Хајди.
Текстот Хајди Клум и 16 години помладиот дечко закажаа свадба е превземен од Reporter.mk.