Светскиот модел Хајди Клум вели дека сеуште верува во институцијата брак и љубов. Таа во разговор со шоуменката, Елен Деџенерес, изјавила дека празниците ги минала со 16 години помладото момче Том Каулиц.
Елен ја покренала приказната за брак, уште пред Хајди да се вери. Таа ја прашала дали планира во скора иднина да се венча.
„Бев два пати во брак со Рик Пипин од 1997 година до 2002 година и Сел од 2005 година до 2014 година. Сеуште верувам во љубов и брак. Иако не успеав во него два пати. Претпоставувам дека не сум баш премногу добра за брак, но сега пронајдов извонредна личност во мојот живот. Ќе видиме што ќе се случи понатаму“, изјавила Хајди.
Хајди и Том се вериле за време на Божик по една година врска. Двајцата биле на удар на голем број критичари, затоа што станува збор за многу помладо момче од неа.
„Во последно време голем број луѓе ме потсетуваат на годините, повеќе отколку што јас тоа го правам самата. Моето момче е многу помладо од мене и многу луѓе тоа го преиспитуваат и се прашуваат. Искрено не размислувам за тоа како другите. Треба само да се живее среќно без премногу грижи за тоа што луѓето мислат. Грижите само ќе ви донесат повеќе брчки на лицето“, изјавила Хајди.
Текстот Хајди Клум сеуште верува во институцијата брак и љубов е превземен од Reporter.mk.