Американската актерка Хали Бери открила дека за време на снимањето на една сцена во новото продолжение на филмот „Џон Вик 3: Парабелум“ скршила три ребра, пишува британскиот портал „Филм њуз“.
Бери вели дека на почетокот не била свесна за сериозноста на повредата, па продолжила со снимање. Изјавила дека работата ја доживува многу сериозно и дека како вистински професионалец ги занемарила болките.
„Во мислите ми беше само една работа. Доврши го снимањето“, изјавила Хали Бери.
Таа вели дека најголемата мотивација ја добивала од нејзиниот колега Кијану Ривс.
„Тој беше мојата најголема мотивација. Не сакав да го разочарам мојот колега“, открила Бери.
Покрај Хали Бери во филмот се појавуваат и актерите Киану Ривс, Лоренс Фишбурн, Марк Дакаскос.
Текстот Хали Бери скршила три ребра на снимањето на новиот филм е превземен од Reporter.mk.