Хали Бери со тело како на 20 годишна девојка

Актерката Хали Бери, вчера наполни 52 години, но заради нејзината витка линија медиумите пишуваат дека изгледа како 20 годишна девојка. Таа за своите обожавателите сподели  фотографии во костум за капење и проѕирна маичка.

Актерката по авантурата со британскиот музички продуцент Алекс да Кид, Бери брзо му се врати на здравиот начин на живот. За разлика од големиот број нејзини колешки и пријателки, Хали Бери не е типична 52 годишна жена. Таа ништо не остава на случајноста. Внимава на исхраната ѝ се занимава со фитнес. Своите рецепти ги објавува по социјалните мрежи за да ги поттикне и останатите здраво да се хранат.

Бери мотивацијата ја пронаоѓа кај своите деца и гледањето на фотографии од луѓе кои се во врвна форма.

„Вежбам поради своите деца „Нала (10) и Масео (4). Сакам да бидам пример за нив и да им покажам дека ѝ тие треба да водат здрав начин на живот“, вели Бери.

Актерката додаде дека вежба пет пати неделно, а има и пертнер со кого работи. Питер Ли Томас вежба со неа повеќе од две години, а за магазинот People изјавил дека актерката има дисциплина и сила како на 20 годишна девојка.

 

 

Текстот Хали Бери со тело како на 20 годишна девојка е превземен од Reporter.mk.