Хари и Меган останаа без обезбедување

Властите во Канада ќе прекинат да ги плаќаат трошоците за обезбедувањето на принцот Хари и Меган Маркл. Ова денеска го соопштија од полицијата во Канада, од каде велат дека досега даночните обврзници ги плаќаа безбедносните трошоци за Сасекс.

Откако Меган и Хари во ноември се преселија во Канада, нивното обезбедување продолжи да се плаќа од тамошните власти. Хари и Меган во Канада се преселија поради желбата да се одвојат од кралското семејство и самите да се финансираат.

Трошоците кои даночните обврзници ги издвојуваат за нивното обезбедување ќе бидат откажани за неколку недели, поточно откако двојката ќе го финализира својот нов живот, надвор од кралското семејство.

Во Британија медиумите и горем дел од пошироката јавност ја отворија темата за тоа кој ќе продолжи да ги плаќа тековните трошоци за обезбедувањето на Хари и Меган.

 

Текстот Хари и Меган останаа без обезбедување е превземен од Reporter.mk.