Харис Џиновиќ со традиционален новогодишен концерт

Пејачот Харис Џиновиќ оваа година ќе ја продолжи традицијата и на 25 декември ќе приреди незаборавен концерт во салата „Сава центар“ во Белград.

Картите за спектакуларната журка на прочуениот крал на музиката ќе се најдат на продажба уште денес на благајната во „Сава центар“. Пејачот вели дека е подготвен за забава.

„Како и секоја година и оваа ќе направиме одлична забава. Публиката навикна да ги држам на нозе повеќе од два часа, а иако веќе со години во исто време одржувам концерти, секој пат подеднакво им се радувам. Ќе ја направиме најдобрата подготовка за новогодишната ноќ“, вели музичарот кој освен своите стари песни, на коцертот ќе ги изведе и песните од својот нов албум.

 

Текстот Харис Џиновиќ со традиционален новогодишен концерт е превземен од Reporter.mk.