Фолк-пејачот Харис Џиновиќ на сопругата Мелина не ѝ дозволува да ја смени фризурата ни бојата на косата. Тие се заедно 16 години и тој не ѝ се меша во ништо, освен во имиџот, открила Мелина во едно скорешно интервју.
„’Таква те запознав и тоа останува’ ми рече Харис неколку пати изминативе години, па решив да го послушам. Затоа со години имам долга коса со руса боја“, рекла таа.
Мелина Џиновиќ е позната светска дизајнерка. На црвениот тепих нејзини фустани неколку пати носеше Џенифер Лопез, а креирала фустани и за Памела Андерсон, Мараја Кери, Софија Вергара, Гал Гадот, Бритни Спирс и други. Таа е сопственик на „Хамел“ моден бренд за висока мода.
Текстот Харис Џиновиќ ѝ забрани на сопругата да ја смени фризурата е превземен од Reporter.mk.