Харви Вајнштајн се извлече, судијата ја отфрлил тужбата

Федералниот судија во Лос Анџелес ја отфрлил тужбата за сексуално вознемирување, кое актерката Ешли Џад ја поднела против холивудскиот филмски продудент Харви Вајнштајн, пренесува „Ројтерс“.

Судијата порачал дека без разлика на донесената одлука, Ешли ќе може да продолжи со тужбата поднесена против Вајнштајн. Ешли го обвинила продуцентот за клевета од 1998 година, откако, според нејзините тврдења, таа ги одбила неговите сексуални напади.

„Ројтерс“ потсетува дека повеќе од десетина жени го обвиниле шеесетгодишниот Вајнштајн за сексуално вознемирување, а меѓу обвинетите имало и такви кои посочиле дека ги силувал.

Меѓу познатите актерки кои го обвинија Вајнштај за силување се и Кејт Бекинсејл, Лизет Ентони и Гвинет Палтроу. Вајнстин негирал дека имал сексуални односи со горенаведените, без претходна нивна согласност.

Обвинувањата против холивудскиот продуцент го покренаа движењето #MeToo“, чија цел беше привлекување на вниманието на огромното присуство на случаеви на сексуална злоупотреба.

И полицијата во Лондон истражила неколку случаи на сексуална злоупотреба, во кои Вајнштај бил означен како сторител.

Текстот Харви Вајнштајн се извлече, судијата ја отфрлил тужбата е превземен од Reporter.mk.