Холивудскиот продуцентски Харви Вајнстин постигнаа привремен договор со сите жени кои го обвинија за сексуално злоставување. Тој ќе треба да им исплати околку 44 милиони американски долари за да ги повлечат обвиненијата против него. Вајнстин уште на почетокот негираше дека сексуално вознемирувал и злоупотребувал 75 жени. Тој сепак ќе се појави во судот во Њујорк во јуни, под обвиненија од две жени, од кои едното е за силување.
Обвиненијата против Вајнстин го започнаа движењето „И јас исто така“ (#metoo), преку кое илјадници жени почнаа да откриваат сексуални скандали со мажи на високи позиции во филмскиот бизнис, во владата на САД и во забавната индустрија.
Еден од најпознатите продуценти во Холивуд работеше на многу филмови што ја освоија најпрестижната филмска награда „Оскар“, меѓу кои „Заљубениот Шекспир“, „Говорот на кралот“ и „Артистот“. Заради обвиненијата за сексуална злоупотреба, неговата компанија прогласи банкрот.
Текстот Харви Вајнстин ќе им исплати 44 милиони долари на жените што го тужат е превземен од Reporter.mk.