Судот во Лос Анџелес ја осуди американската глумица Хедер Локлир (57) да се лекува 30 дена во психијатриска установа. Освен што треба да оди во клиника, судот ѝ забрани да пие алкохол и лекови за кои нема рецепт. Таа треба да се јави во клиниката најдоцна до 6 септември, пишуваат медиумите. Локлир мора на лекување на клиниката за ментално здравје откако пред неколку месеци имаше испади, го нападна дечкото, но и полицајци и медицински лица што работеле во Брза помош. Ако Локлир не се пријави на лекување, ќе оди во затвор.
Популарната Семи Џо од „Династија“ беше уапсена лани, откако физички го нападнала својот дечко. Таа била пијана кога дошла полицијата и им се спротивставила кога сакале да ја приведат, а потоа физички нападнала полицаец и медицински техничар кој се обидел да ја стави во носилка. Глумицата и од претходно е позната по насилното однесување – таа беше уапсена пред неколку години кога го нападна свршеникот, а ја нападнала и мајка си и се обидела да го задави својот татко.
Текстот Хедер Локлир ќе се лечи во психијатриска клиника е превземен од Reporter.mk.