Глумицата Хедер Локлир, позната по улогата на Семи Џо во серијата „Династија“, повторно е на рехабилитација, шест месеци откако излезе од клиника поради лечење од алкохолизам. Но, според нејзини блиски пријатели, таа не престанала да пие.
„Во моментов алкохолот и лековите ѝ помагаат да заборави на притисоците, особено поради тоа што се соочува со ментално растројство. За среќа, сфати дека решението не е во тоа, па повторно побара медицинска помош“.
Ѕвездата на „Мелроуз плејс“ и „Династија“ и претходно беше хоспитализирана поради мешање лекови и алкохол. Пред две години имаше и нервен слом. Тогаш беше приклучена присилно на програма за одвикнување. Последнава година Хедер беше уапсена и за семејно насилство, откако физички го нападна своето момче.
Текстот Хедер Локлир повторно на рехабилитација е превземен од Reporter.mk.