Хедер Локлир повторно задржана на психијатрија

Холивудската глумица Хедер Локлир повторно доживеала психички слом, па е задржана на психијатриско лекување, пишува „Дејли мејл“. Таа повторно се скарала со нејзиното момче Крис Хеисер, по што го претепала и го исфрлила од дома. По инцидентот, Крис ја пријавил во полиција, а таа е сместена на психијатриско одделение, каде ќе остане на набљудување најмалку 72 часа. Според пријател близок на нејзиното семејство, Хедер е задржана на психијатрија против своја волја.

Ѕвездата на сериите „Династија“ и „Мерлоуз плејс“ третпат завршува на лекување по низата инциденти што ги напреави од почетокот на годината. Нејзиниот брат еднаш повикал полиција за семејно насилство, при што таа нападна тројца полоицајци, а два пати потоа ја пријави и нејзиниот партнер. Глумицата годинава беше уапсена и за возење во пијана состојба, кога со автомобилот се заби во оградата пред својата куќа во Калифорнија. Полицијата ја уапси и по обидот да ја удави сопствената мајка Дијана. Во јули оваа година, Хедер наводно се обидела да се самоубие.

 

Текстот Хедер Локлир повторно задржана на психијатрија е превземен од Reporter.mk.