Хенри или Хари? – никој не го знае вистинското име на принцот

И покрај фактот дека целиот свет го знае и го нарекува принцот Хари (34), тој цело време молчи и не признава дека тоа не е неговото вистинско име. Внукот на кралицата Елизабета II (92), всушност се вика Хенри.

Дека ова не се обични гласини докажуваат и странските медиуми. По повод неговото раѓање, магазинот People, го ставил на насловната страна принцот и неговата мајка принцезата Дајана.

„Тргни се Вилијам, малиот принц Хенри доаѓа во кралската градина“, напишал People, под насловот „Гордоста и радоста на Дајана“.

Слична работа се случила и кога Clarence House ја најавила веридбата на принцот со поранешната актерка Меган Маркл.

„Неговото кралско височество, принцот Хенри од Велс и Меган Маркл се венчани“, пишува во најавата.

Сепак во продолжение на текстот пишува поинаку.

„Неговото кралско височество, принцот од Велс е пресреќен што ја најави веридбата на принцот Хари и Меган Маркл“.

Се чини дека британското кралско семејство не е сигурно кое е вистинското име на принцот, па многупати името го менува во Хенри Чарлс Алеберт Давид.

 

 

Текстот Хенри или Хари? – никој не го знае вистинското име на принцот е превземен од Reporter.mk.