Поранешниот државен секретар на САД, Хилари Клинтон, ќе се глуми себеси во политичката драма „Госпоѓа државен секретар“, објави „Си-би-ес“. Освен Клинтон, во првата епизода од петтата сезона на популарната серија ќе глумат и поранешните државни секретари Медлин Олбрајт и Колин Пауел. Оваа епизода ќе се емитува на 7 октомври.
Во епизодата, државниот секретар Елизабет Мекорд (ја глуми Теа Леони) бара од тројцата поранешни државни секретари совет како да се справи со нова чувствителна ситуација.
„Имајќи предвид дека тројцата моќни дипломати се согласија да дојдат на нашето шоу е страшно инспиративно и за почит“, изјави извршниот продуцент Лори Макрири во соопштението за медиумите.
Клинтон и порано се има појавувано во серии, играјќи се себеси во комичната серија „Простран град“ во 2016 година. Таа беше гостинка и во шоуто на Елен Деџенерис, како и во ноќните шоуа на Сет Мејерс и на Џими Фалон.
Клинтон беше државен секретар на претседателот Барак Обама од 2009 до 2013 година. Во 1997 година, Олбрајт стана првата жена што ја доби титулата државен секретар на САД кога беше на функција со претседателот Бил Клинтон. Пауел служеше како државен секретар на претседателот Џорџ Буш од 2001 до 2005 година.
Во серијата „Госпоѓа државен секретар“ глумеше и битолчанецот Крис Петровски. Тој ја толкуваше улогата на рускиот шпион Дмитри Петров.
Текстот Хилари Клинтон ќе се глуми себеси во „Госпоѓа државен секретар“ е превземен од Reporter.mk.