Поранешната прва дама на САД, Хилари Клинтон и режисерот Стивен Спилберг ќе ја копродуцираат телевизиската серија „Часот на жената“, откри Хилари преку „Твитер“. Серијата ќе се работи по истоимената книга на Елен Вајс и ја раскажува приказната за жените кои се борат за правото на глас.
„Фасцинирана сум од можноста да соработувам со Стивен Спилберг за телевизиската адаптација на книгата „Часот на жената: големата битка да се добие глас“ на писателката Елејн Вајс. Таа раскажува за жените кои се бореле за своето право на глас цели 100 години. Ние застануваме во нивна одбрана и јас сум задоволна што можам да поддржам таков проект“, напиша на Твитер поранешниот државен секретар на САД.
Засега не се откриваат имињата на актерите, ниту пак датумот кога ќе почне да се снима серијата.
Текстот Хилари Клинтон ќе снима серија со Стивен Спилберг е превземен од Reporter.mk.