Оскаровката Хилари Свонк се омажи за претприемачот Филип Шнајдер на тајна церемонија во резерватот Санта Луција во Калифорнија. Тие разменија завети во шума, а потоа организираа мала вечера за дваесетина пријатели.
44-годишната актерка носеше едноставен фустан од тантела и циркони, со превез од 6 метри и чевли на Кристијан Лобутин. До олтарот ја испрати татко ѝ, заради кого актерката пред неколку години ја прекина актерската кариера, откако дозна дека има рак на белите дробови, па се грижеше за него. Старосватица на свадбата беше глумицата Маришка Харгитеј.
Хилари и Филип ја почнаа врската во 2016 година, откако глумицата ја прекина врската со тенисерот Рубен Торес.
Текстот Хилари Свонк се омажи во шума е превземен од Reporter.mk.