Австралискиот глумец Хју Џекмен догодина ќе тргне на светска музичка турнеја, а ќе ги пее песните од филмовите „Најголемиот шоумен“ и „Лес мисераблес“. Турнејата ќе ја почне во германскиот град Хамбург на 13 мај по што ќе посети неколку европски града, меѓу кои и Лондон, а од 18 јуни ќе пее во Америка. На целата турнеја Џекман ќе биде придружуван од оркестар во живо, пишува „Асошиејтед прес“.
Текстот Хју Џекман музиката од филмовите ќе ја пее на концерти е превземен од Reporter.mk.