Холивудскиот глумец Хју Џекман минатата недела на бездомник му дал 100 фунти, а потоа го поканил на отворање ресторан во хотелот „Блитсвуд сквер“ во Глазгов, пишува „Ивнинг тајмс“.
„Во прво време не забележав за кого станува збор бидејќи носеше капа, но кога погледнав поубаво видов дека Џекман става пари во рацете на бездомникот, а потоа го покани на вечера. Човекот се смееше и рече дека не е соодветно облечен“, рекла за британските медиуми жена која била сведок на настанот.
Жената додала дека Хју потоа си заминал, а таа дури потоа нa бездомникот му кажала кој му дал пари.
Текстот Хју Џекман покани бездомник на вечера е превземен од Reporter.mk.