Холивудскиот глумец Хоакин Феникс ќе ја толкува улогата на Џокер во новиот филм. Сценаристите велат дека ова ќе биде многу помрачен филм од неговите претходници. Филмот ќе го режира Тод Филипс, а тој е и сценарист заедно со Скот Силвер. Извршен продуцент на филмот е легендарниот режисер Мартин Скорцезе.
Според „Варајати“, Џокер ќе биде прикажан како пропаднат стендап комичар.
Од „Ворнер брос“ велат дека станува збор за филм кој припаѓа на новиот Ди-Си универзум, а дека студио ќе одвои 55 милиони долари за неговото снимање. Планирано е снимањето да започне во септември.