Холивудската актерка Деби Рејнолдс претчувствувала дека ќерка и Кери Фишер ќе почине.
Деби на својата пријателка и кажала дека имала визија во која јасно видела дека нејзината ќерка наскоро ќе умре.
Актерката, која останала запаметена по улогата на принцезата Леа во „Војна на ѕвездите“, починала од инфаркт за време на авионски лет на 61 година.
Само еден ден подоцна, починала и мајка и од мозочен удар, која тогаш имала 84 години.
Сега нејзината пријателка тврди дека Деби сето тоа го предвидела и знаела дека ќе се случи.
„Ја посетував Деби секои три недели, а последен пат се видовме на 21 декември и ми кажа дека имала визија претходната ноќ. Таа тоа го нарече ’средба со смртта’“, открила нејзината пријателка за медиумите.
Таа опишала и како изгледала нејзината визија.
„Ми опиша дека лежејќи во кревет до неа стигнало нешто како облак. Прво, тој облак се задржал над нејзиното тело, а потоа сфатила дека облакот се поместил на другата страна од креветот. Веднаш ми кажа дека тоа било местото на кое Кери секогаш седела кога ја посетувала“, додала.
Сепак, актерката во ниту еден момент не се исплашила од својата необична визија, ниту од фактот дека би можела да умре.
„Деби воопшто не се плашеше од смртта. Ми кажа дека ако тоа навистина се случи, тогаш имала прекрасен живот. Сепак, луѓето стареат и тоа е нешто со кое сите мора да се помириме“, изјавила нејзината пријателка.
Текстот Холивудската актерка ја предвидела смртта на ќерка си е превземен од Reporter.mk.