Филмската легенда од Хонг Конг, Чау Јун Фат ја изненади јавноста со објавата дека ќе се откаже од своето богатство, чија вредност е проценета на 710 милиони долари. Вели дека сон му е да биде среќен и обичен човек.
Парите, како што вели, планира вели да ги уплати во добротворни цели, известуваат кинеските медиуми. 63-годишниот актер е познат по својата улога во филмот „Тигар и змеј“, со кој е награден со Оскар за најдобар странски филм, а е познат по скромниот начин на живот, трошејќи за живот по 100 долари месечно.
Еден од доказите за тоа е фактот дека обожавателите често го гледаат кога се вози со јавен превоз и кога купува во обични маркети. За живот троши по 100 долари месечно.
Интересно е дека овој ретко приземјен актер со светска слава за телефонирање користел „нокиа“ од првата генерација, модел што се користи од пред 17 години, сè додека пред неколку години не го заменил со паметен телефон, затоа што стариот престанал да работи.
„Парите не ми припаѓаат затоа што со нив само привремено управувам“, изјавил пред новинарите откако ги открил своите планови, за време на промоцијата на новиот филм „Проект Гутенберг“.
„Мојот сон е да бидам среќен и обичен човек. Најголемо постигнување во животот не е богатството, туку мирот и едноставниот живот“, изјавил Чау.
Тој во филмската индустрија работи повеќе од 40 години, а најголемата заработка му донеле улогите во споменатиот филм „ Притаен тигар, скриен змеј “, како и во „Подобро утре“, „Убиец“, „Пиратите од Карибите“ и други.
Добил три награди за најдобар актер во Хонг Конг. „Лос Анџелес Тајмс“ го прогласи за најкул актер на светот.
Текстот Холивудски актер се откажува од 710 милиони долари е превземен од Reporter.mk.