Холивудски ѕвезди кои никогаш не се венчале

Во Холивуд браковите знаат да траат многу кратко, но има и такви кои никогаш досега не се венчале, а ниту планираат тоа да го направат во иднина. Таков е случајот со Опра Винфри, Леонардо ди Каприо, Џон Хам и Виона Рајдер.

Опра Винфри (66)

Една од највлијателните жени на светот, која е во долга врска со Стидман Грахам, вели дека нема намера да се венча. Многумина во јавноста шират теории дека Опра го користи Грахам само како параван и дека таа всушност е лезбијка. Водителката досега многупати потенцирала дека не сака да биде во брак.

„Никогаш не би можела да се вклопам во таа улога“, во голем број наврати досега изјавила Опра за медиумите.

Леонардо ди Каприо (45)

Леонардо ди Каприо ја презеде титулата вечно неженет откако неговиот колега Џорџ Клуни се ожени со правничката Амал.

На Леонардо не му недостига акција на љубовен план и често може да се види во друштво на славни манекенки. Најдраги му се „Ангелите на Викторија“. Досега имал неколку сериозни врски, но ниту една од нив не траела долго.

Џон Хам (48)

Глумецот Џон Хам е познат по тоа што не сака брак. Тоа е и причината поради која ја прекина 18-годишната врска со неговата поранешна партнерка Џенифер Вестфилд. Во јавноста се ширеа шпекулации дека Џенифер инсистирала да имаат деца, но Џон не сакал. Ѕвездата од серијата „Момците од Мадисон“ наводно се обидел да ја освои и Кејт Бекинсејл, но безуспешно. За себе вели дека е нарцисоиден, но дека настојува да биде добар партнер.

Винона Рајдер (48)

Глумицата која имавме можност да ја гледаме во серијата „Чудни работи“ за себе вели дека е сериски моногамист. Винома имала низа долги врски, но никогаш не сакала да да се венча.

„Подобро никогаш да не се венчам, отколку зад себе да имам неколку разводи“, изјавила таа во неколку наврати за медиумите. Виона тврди дека бракот за неа е неважен. Во моментов таа е во врска со дизајнерот Скот Мекинли Хан.

 

Текстот Холивудски ѕвезди кои никогаш не се венчале е превземен од Reporter.mk.