Холивудски ѕвезди, спортисти, политичари: Кои сè се зарази од коронавирус

Од принцот Чарлс преку глумецот Идрис Елба, па се до НБА ѕвездата Кевин Дурант, јавните личности ја открија со своите обожаватели и светот својата здравствена состојба и споделија неколку совети како да се заштитат од коронавирусот. Наследникот на британскиот престол, НБА sвездите, наградувани актери, членови на Конгресот, светски музичари, верски водачи и блиските на некои од избраните светски лидери, се заразени со опасниот вирус.

Тие се меѓу стотиците илјади кои биле тестирани позитивно на коронавирусот, како што се ширеше низ целиот свет. Многу од познатите личности, со тоа што излегоа во јавноста, со нивните дијагнози, помогнаа да се соочиме со вирусот. Тие преку социјалните медиуми и интервјуа за медиумите ги опишаа нивните симптоми и состојби.

Еве преглед на јавни личности кои јавно споделија дека го имаат коронавирус.

Холивудски ѕвезди и славни личности

Идрис Елба беше еден од актерите кои преку социјалните медиуми на 16 март објави дека има коронаврус. Тој се појави со сопругата и кажа дека е заболен од коронавирусот, иако ги немал симптомите.

Идрис Елба

Том Хенкс и Рита Вилсон, на 11 март изјавија дека во Австралија се заболиле од коронавирусот. Хенкс замина за Австралија за да снима филм за животот на Елвис Присли.

Неколку дена подоцна нивниот син Чет Хенкс преку видео на социјалните мрежи објави дека негоите родители биле изолирани во болницата и ја добивале потребната здравствена нега.

„Се чувствуваме уморни, како да имавме настинка и имавме болки низ целото тело“, изјавил Хенкс, кој по неколку дена соопшти дека работите завршиле во најдобар ред и дека биле пуштени од болницата со сопругата.

Том Хенкс и Рита Вилсон

Пласидо Доминго, оперската ѕвезда откри на 22. март на „Фејсбук“ откри дека бил позитивен на коронавирусот. Тој изјави дека со неговото семејство се во добра здравствена состојба и дека ќе останат во изолација колку што е потребно.

„Сметам дека мојата морална должност е да соопштам дека сум се тестирал позитивно“, напиша Доминго на социјалните мрежи.

Пласидо Доминго

Деби Мазар е телевизиска и филмска актерка позната по своите улоги во „Придружба“ и „Помлада“. Таа на „Инстаграм“ на 21 март изјави дека тестовите биле позитивни. Две недели подоцна почнала да има силни болки и висока температура. Откако дознала дека е позитивна, со сопругот и двете ќерки тинејџерки била во карантин.

Деби Мазар

Актерката Рејчел Метјус на 16 март објави дека била позитивна на коронавирус и дека се затворила во карантин една недела пред да го направи тестот. Таа вели дека нејзините симптоми почнале со силна болка во грлото и замор, а уште на почетокот почнала да го губи здивот и апетитот.

Кристофер Хивју е актерот од „Игра на тронови“. Тој изјави на „Инстаграм“ на 16 март дека се тестирал позитивно на вирусот и дека заедно со семејството завршил во изолација.

„Ние сме во добра здравствена состојба. Имам само благи симптоми на настинка“, напишал Хивју . Тој ги повика сите луѓе да превземат мерки на претпазливост и да се дистанцираат од другите.

„Заедно можеме да се бориме против овој вирус и да ја избегнеме кризата во нашите болници“, изјави Хивју .

Олга Курјенко, актерката позната по улогата во филмот на Џејмс Бонд во 2008 година, на 15 март, на „Инстаграм“ објави дека била заболена од коронавирус.

„Треска и замор се моите главни симптоми“, напиша таа. Во продолжение таа објасни дека нејзината треска се зголемила и дка не е сигурна како се заразила од вирусот.

„Тој може да биде насекаде. Можеби сум ја добила во некое такси“, напиша таа.

Теренс Мекнили е четрикратен драмски писател, кој почина на 24 март од компликациите на коронавирусот. Тажната вест ја пренесе неговиот портпарол. Тој имаше 81 година и беше добитник на две „Тони“ награди за книги и мјузикли. Еден од најпознатите мјузикли е „Бакнеж на пајкот“ 1993 и претставата „Мастер клас“ од 1996 година.

Лора Бел Бунди сценска актерка позната по своето трчање како оригиналната Еле Вудс, во музичката адаптација на „Легално русокоса“, на „Инстаграм“ на 25 март објави дека била заболена од коронавирус. Бунди на своите следбеници им кажала дека е добро и дека ги следи и спроведува наредбите на лекарите.

Таа изјавила дека верува оти нејзините симптоми се делумно мали бидејќи знаела како да се грижи за себе.

Даниел Ким актерот познат по своите улоги во телевизиските серии „Изгубени“ и „Хавати Пет“, на 19. март напиша на „Инстаграм“ дека е позитивен на коронавирус.

Тој рече дека коронавирусот го добил во Њујорк за време на снимањето на медицинската драма на NBC, во која игра лекар за време на пандемија. Ким се врати дома на Хаваи каде рече дека бил тестиран на коронавирус.

Тој во видеото порача дека бесмисленото насилство и предрасудите врз азисите луѓе околу коронавирусот треба да престанат.

„Да, и јас сум од Азија и имам коронавирус. Но, не го добив во Кина. Го добив во Америка во Њујорк“, рече Ким.

Енди Коен создателот на франшизата на реалното шоу „Вистински домаќинки“ и водител на шоуто „Гледај што се случува во живот“, на 20. март на „Инстаграм“ објави дека бил позитивен на коронавирус.

Колтон Андервуд, водечкиот човек на реалното шоу ABC „Диплома“ и поранешен фудбалер на НФЛ лигата, изјави на 20. март на „Инстаграм“ дека е заболен од коронавирус.

„Имам 28 години, сметам дека сум убав, здрав, работам редовно и се хранам здраво. Сега се заболев и од коронавирус“, изјавил Андервуд.

Тој објасни дека додека се качувал по сакли почнал да го губи здивот. Постојано бил исцрпен, но причината зошто го споделил видеото е за да не предизвика паника и страв кај луѓето. На тој начин смета дека ќе ги охрабри момците да останат дома.

Харви Вајнштајн, непопуларниот филмски продуцент, кој во февруари беше осуден за силување и други сексуални злосторства, коронавирусот го доби во затвор, од две лица кои претходно го имале.

Тој бил задржан во изолација во поправниот дом Венде, источно од Бафало. Вајнштајн е еден од двајцата затвореници во установата и во затворскиот систем на државата Њујорк, кој бил позитивен на коронавирусот.

Харви Вајнштајн

Слим Туг, раперот од Хјустон, изјави на „Инстаграм“, дека бил тестиран позитивен на коронавирусот и покрај неговите напори да се зашити од истиот. Тој вели дека носел маска и нараквици кога бил надвор. Неговите симптоми биле треска и кашлица.

Слим Туг, ги предупреди своите обожаватели да останат дома и сериозно да го сватат вирусот.

Ману Дибанго, меѓународниот познат саксофонист од Камерун почина на 24 март. Веста со порака за неговата смрт беше објавена на „Фејсбук“.

Спортисти

НБА ѕвездата Кевин Дурант беше заболен од коронавирус. На 17. март од „Бруклин Нетс“ објавија дека четворица нивни играчи биле позитивни на коронавирусот, но не ги именувале Дурант е една од најголемите ѕвезди во НБА лигата и кажа дека тој бил еден од нив.

„Секој да биде внимателен, да се грижи за себе и да остане во карантин“, порача тој.

Кевин Дурант

Калум Хадсон-Одои, фудбалерот на Челзи исто така беше позитивен на коронавирус. Тој на „Инстаграм“ сподели дека се опоравува, но дека ги следи здравствените упатства од лекарите. Тој сподели неколку видеа како вози велосипед во затворен простор и порача сите да останат дома и да најдат некаква занимација.

Руди Гоберт и Донован Мичел, ѕвездите на „Јута“ станаа првите играчи од НБА лигата кои беа тестирани позитивно на вирусот. Мичел порача дека сите треба да се однеуваат одговорно за сопственото здравје и за здравјето на луѓето околу нив.

Шон Пејтон, тренерот на „Њу Орлеанс“, за „ЕСПН“ изјави дека бил тестиран позитивно на 19. март. Пејтон изјави дека првиот симптом бил блага треска.

„Ако луѓето ја разберат ситуацијата, може лесно да работите заедно за да ја решиме истата. Одвојте неколку минути за да разберете што велат експертите. Не е комплицирано да се направи тоа што тие го бараат од нас“, изјавил Пејтон за „ЕСПН“.

Џејсон Колинс, пензионираната НБА ѕвезда, на „Твитер“ на 24 март изјави дека бил тестиран позитивно на Ковид-19 и дека верува дека го добил додека бил на патување во Њујорк на почетокот на март. Неговите симптоми почнале со главоболка, а подоцна се појавила и треска и кашлица.

„Ве молам, останете безбедни и држете растојание еден од друг“, им порача Колинс на своите фанови.

Од познатите спортисти во Европа голем број од фудбалерите во Италија беа позитивни на коронавирус. Прв кој беше заболен од опасниот коронавирус беше играчот на Јувентус Ругани, а подоцна се појавија серија на други фудбалери кои исто така беа изложени на новиот вирус.

Меѓу заразените се најдоа и соиграчите на Ругани, Дибала и Матуиди, кои пред некој ден изјавија дека иако биле позитивни на коронавирус, тие сега се чувствуваат подобро и дека ситуација ја надминале. Ѕвездата во тимот Кристијано Роналдо, не беше заболен од новиот вирус. Тој се изолираше во својот дом во Португалија.

Кристијано Роналдо

Деновиве градоначалникот на Бергамо, Џорџо Гори, изјави дека сите 40.000 навивачи кои присуствувале на фудбалскиот натпревар меѓу Аталанта и Валенсија, што се одржа на 19 февруари во Милано, во рамките на Лига на шампиони, се заразени со новиот коронавирус.

Повеќекратниот шампион во Формула 1, британецот Луис Хамилтон е во самоизолација. Ова го потврди самиот возач кој наведе дека на овој потег се одлучил поради тоа што претходно бил во контакт со Идрис Елбa, глумец кој е позитивен на коронавирусот.

Луис Хамилтон и Идрис Елба

„Сакам да ве известам дека сум добро. Имаше многу шпекулации за моето здравје поради тоа што бев на настан на кој присуствуваа две лица за кои подоцна се потврди дека се позитивни на коронавирусот” изјави Хамилтон. Тој додаде дека нема никакви симптоми.

Јавни личности и политичари:
Принцот Чарлс беше позтивен на коронавирус, објави портпаролот на кралското семејство во средата. 71 годишниот принц, најстариот син на кралицата Елизабета Втора, имал поблаги симптоми изјави портпаролот на кралското семејство во средата. Иако добил благи симптоми, сепак тој останал во добра здравстена состојба и работи од дома, се вели во соопштението објавено од официјалната резиденција на прицот.
„Војвотката од Корновл, Камила, исто така е тестирана, но го нема вирусот“, се вели во изјавата. Двајцата се самоизолирани во нивниот дом во Шкотска.

Принцот Чарлс и Камила

Ранд Пол, сенаторот на републиканците од Кентаки, стана првиот сенатор и трет член на Конгресот кој бил позитивен на коронавирусот.

„Господинот Пол беше тестиран со голема доза на внимателност, заради неговото патување и настани. Од неговата канцеларија во Вашингтон почна да се работи онлајн и од пред десет дена немал персонален контакт со никого. За целиот тој период, Пол беше во карантин“, објавија од неговата канцеларија на социјалните мрежи.

Питер Датон, австралиски министер за внатрешни работи, му бил откриен корона вирусот откако бил примен во болница. Тој неодамна се врати од Вашингтон, каде се состана со врховниот судија Вилијам Бар, ќерката на Трамп Иванка Трамп и други официјални претставници на Белата куќа.

Сопругата на канадскиот премиер Џастин Трудо, Софи Грегоар Трудо, се покажа позитивна на коронавирусот минатата недела, набргу по враќањето од патувањето во Велика Британија. Таа и нејзиниот сопруг заминаа во 14-дневен период на самоизолација.

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, е заболен од коронавирус и се наоѓа во самоизолација, но сè уште ќе ја врши функцијата.

„Во текот на последните 24 часа развив благи симптоми и се тестирав за коронавирус, а резултатот е позитивен“, рече Џонсон. „Сега сум во самоизолација, но ќе продолжам да работам во борбата против вирусот преку видео-конференциска врска“, објави Џонсон на „Твитер“.

Борис Џонсон

Мишел Барние, главен преговарач на Европската унија за Брегзит, преку видео-порака од неговиот дом во Франција објави дека има респираторно заболување COVID-19. Барние последен пат се сретна со британскиот преговарач  Дејвид Фрост, во првата недела од март, кога двајцата се обидоа да постигнат договор за соработка меѓу Велика Британија и ЕУ за сè, од трговијата до безбедноста.

Принцот Алберт Втори од Монако се тестирал позитивно за „Ковид-19“ и бил внимателно набудуван од лекари и специјалисти, се вели во соопштението од неговата канцеларија на 19 март. Здравјето на принцот не е загрижувачко, велат од неговата канцеларија.

Министерот за култура во Франција Франк Ристер, му беше дијагностициран коронавирус на почетокот на март, со што стана првиот министер на француската влада што се зарази од вирусот.

Бегоша Гомез, сопруга на шпанскиот премиер Педро Санчез, е позитивно тестирана на коронавирусот и сега се наоѓа во карантин со својот сопруг во нивната резиденција во палатата Ла Монцоа во Мадрид.

Министерката за здравство, во Велика Британија Надин Дори, стана првиот британски политичар што е заразен од коронавирусот. Подоцна, таа откри дека  го пренела вирусот на  нејзината 84-годишна мајка.

Доналд Трамп

Во јавноста се раширија и теории за американскиот претседател Доналд Трамп дека е заболен од коронавирус, откако бил во контакт со лица заболени од опасниот вирус. Сепак од Белата куќа ги негираа ваквите изјави и соопштија дека Трамп се чувствувал добро.

Таква среќа немал член на кабинетот на потпретседателот на САД, Мајк Пенс, кој бил позитивен на коронавирус. Кабинетот на Пенс бил известен за резултатите од тестот кој биле направени во петок вечерта, пренесува „Ројтерс“.

 

Текстот Холивудски ѕвезди, спортисти, политичари: Кои сè се зарази од коронавирус е превземен од Reporter.mk.