Витни Хјустон, една од најпознатите пејачки, почина пред седум години на 49-годишна возраст. Сега се најавува нејзина холограмска турнеја, со која фановите на Витни Хјустон следната година ќе имаат можност да одат на концерт и да уживаат во нејзините легендарни хитови “I Wanna Dance With Somebody” и “I Will Always Love You”.
Информацијата дека следната година ќе се одржи холограмска турнеја на одамна починатата ѕвезда ја пренесе магазинот “Rolling Stone”, а првиот концерт ќе биде одржан во Мексико на 23-ти јануари.
Турнејата ќе трае до 3-ти април кога ќе се одржи последниот концерт во Минск, а концерти ќе бидат одржани и во Даблин, Брајтон, Лондон, Брисел, Амстердам, Гент, Цирих…
Зад овој настан стои “BASE Hologram”, компанија која исто така продуцирала емисии во кои биле Бади Холи и Рој Орбисон и уште една со оперската пејачка Марија Калас.
“Чудно” е еден збор кој ги опишува посмртните настапи на популарните уметници”, наведува “Rolling Stone” и додава дека многумина исто така укажуваат на ваквата холограмска турнеја како на “бесчувствително искористување на мртвата пејачка”.
На турнејата ќе настапува и бенд кој ќе свири како и пратечки вокали и танчери.
Меѓутоа, ваквата вест предизвикала поделени реакции кај обожавателите. И додека едни се воодушевени, други не се согласуваат со идејата:
“Ова е одвратно и покажува колку не ја почитуваат“, стои во некои од коментарите. .
Текстот Холограмска турнеја на Витни Хјустон: Бесчувствително искористување на мртвата пејачка е превземен од Reporter.mk.