Хрват ќе го глуми Тома Здравковиќ

Српскиот музичар Жељко Јоксимовиќ ги завршува подготовките за филмот „Тома“, приказна за животот и кариерата на Тома Здравковиќ. Ликот на еден од најголемите српски боеми и пејачи ќе го глуми хрватскиот актер Горан Богдан. Биографскиот филм ќе почне да се снима на пролет, а ќе се фокусира на трагичниот живот на уметникот и на неговите големи љубови, меѓу кои и Силвана Арменулиќ.

„Со месеци баравме глумец што соврешебо ќе го долови ликот на Тома. Работите се полесни откако го пронајдовме Горан. Сега останува да избреме глумица што ќе ја игра Силвана Арменулиќ. Можеби тоа нема да биде глумица, туку пејачка, иако неколку познати актерки конкурираа за улогата“, рекол извор близок до продукцијата за српски „Курир“.

Сценарист на филмот е Никола Пејаковиќ. Инаку, освен филм, ќе се снима и серија со истото име. Јоксимовиќ паралелно работи на „Тома“, но и на филмот „Српскиот Манчестер“, каде што ќе биде автор на музиката.

Текстот Хрват ќе го глуми Тома Здравковиќ е превземен од Reporter.mk.