Пет Турчинки, главно познати од турските телевизиски серии, влегоа во изборот на 100-те најубави жени во светот за 2018 година според американскиот портал „Топ бјути ворлд“ (Top Beauty World).
Меѓу петте Турчинки на листата највисоко котира актерката Туба Бујукустун, која е на 17. позиција, а нејзината колешка Мерјен Узерли е на 40. место. Актерката Хазал Каја е на 80. позиција, Фахрие Евџен на 84. и Серенај Сарикаја на 88. позиција.
Според овој избор за најубава жена на светот е избрана актерката Александра Дадарио, а по неа следат Миранда Кер и Џиџи Хадид.

Александра Дадарио, е избрана за најубава жена
Текстот Хурем меѓу 100 најубави жени во светот е превземен од Reporter.mk.