Фолк-пејачот Аца Лукас, според медиумите, бил вклучен во аферата со проституција на српскиот макро Михајло Максимовиќ. Тој, пишуваат, плаќал проститутки за секс, а ги ангажирал преку Максимовиќ. Лукас го поврзуваат со неколку девојки чиишто имиња се наоѓаат во каталогот за проституција кој го откри неодамна српската полиција.
Лукас јавно не зборува за ова, но во едно скорешно интервју отворено проговори за проституцијата во Србија и откри дека се залага за нејзина легализација.
„Божана Вујиновиќ е прва лига! Таа е добра и паметна девојка. И дали се занимава со проституција не ми е гајле. На крајот на краиштата, не гледам ништо лошо во тоа ако го прават на вистински начин. Во повеќето западни земји тоа е легализирано, па што не би било и кај нас?! Овие жени таму имаат социјално, пензии, плаќаат даноци… Тие работат како и сите други. Ајде да ја легализираме проституцијата и ќе немаме повеќе вакви проблеми“, рекол Лукас за „Информер“.
Тој рекол дека не постои човек што немал допирни точки со проституцијата.
„Ако ова е кривично дело и ние мора да го почитуваме законот, тогаш 99% од машката популација треба да оди во затвор. Јавно кажувам, ќе се обесам на ‘Теразије’, ако оној што ги обвинува овие девојки за проституција, никогаш немал никаква врска со нив“, рекол пејачот.
Девојка од Македонија била на списокот на српскиот макро Михајло Максимовиќ
Текстот И Аца Лукас во аферата со проституција на српскиот макро Михајло Максимовиќ е превземен од Reporter.mk.