Холивудската глумица Шенон Доерти потврди дека ќе глуми во новите епизоди на „Беверли Хилс 90210“. Таа повторно ќе ја глуми Бренда Волш во серијата што ќе има само шест епизоди, а ќе се прикажува летово на „Фокс“. Доерти беше Бренда во првите четири сезони на една од најпопуларните тинејџерски серии во деведесеттите. Нејзиниот лик беше тргнат од серијата заради конфликтот што глумицата го имаше со продуцентите. Таа сега повторно се враќа на улогата што ја прослави.
(Видео) Летово ќе се прикажува нов „Беверли Хилс“ со оригиналните глумци
„Екипата се растури пред 19 години кога заврши снимањето на серијата. Предизвик беше пак да се соберат на едно место Бренда, Брендон, Кели, Андреа, Стив, Дона и Дејвид, па да е раскаже нивната сегашна приказна – дали се пријатели, дали се сакаат, мразат, кој со кого е во врска“, рекоа продуцентите на серијата и потврдија дека Шенон го потпишала договорот.
Со мојот Дилан се видовме неколку дена пред да умре, Бренда раскажа за пријателството со Лук Пери
Во серијата единствено нема да се врати Дилан Мекеј, кого го глумеше Лук Пери, актерот што почина пред повеќе од еден месец. Тој почина истиот ден кога повеќето глумци од серијата ги потпишаа договорите, а ТВ-куќата „Фокс“ го потврди снимањето на серијата.
Текстот И Бренда се враќа во „Беверли Хилс“ е превземен од Reporter.mk.