И по 50 години „Битлси“ на врвот на топ-листите

Легендарната музичка група „Битлси“, со албумот Abbey Road го собори сопствениот рекорд и се најде на врвот на топ-листата по 50 години по излегувањето на првото издание.

На 31 јануари 1970 година овој албум се најде на првото место на топ-листите, што значи дека по 49 години и 252 дена, повторно се најде на иста позиција, соборувајќи го претходниот рекорд што го имаше нивниот албум Sgt. Pepper’s Lonely Hearts Club Band.

Посебното, јубилејно издание на нивниот единаесетти албум, Abbey Road, на кое се појавуваат некои претходно необјавени материјали, со хитови како Come Together, Oh! Darling и Here Comes The Sun е објавено во септември, точно на педесетгодишнината од неговото објавување.

 

Текстот И по 50 години „Битлси“ на врвот на топ-листите е превземен од Reporter.mk.