По отказот на двете асистентки, војвотката од Сасекс Меган Маркл, остана ѝ без својата телохранителка. Според последните информации од кралската палата, полицајката која била задолжена за безбедноста на сопругата на принцот Хари, одлучила по шест месеци да го напушти работното место.
Телохранителката вели дека ѝ било напорно да ја чува Меган Маркл поради нејзината желба да биде жена од народот. Инсајдери во палатата тврдат дека последниот инцидент кој го доживеала полицајката, ја „преплавило чашата“. Таа со крајни маки успеала да ја извлече Меган за време на една гужва која се случила на пазар на Фиџи.
Претходно Меган остана без асистентката Мелиса Тоубати, како и секретарката Саманта Коен, која со години претходно работела за кралското семејство, пренесуваат британските медиуми.
„За разлика од оние кои пораснале во палатата и знаат кои им се ограничувањата, Меган воопшто не е таква. Таа и додека беше позната актерка можела да прави што сака и да оди каде сака. Но, во сегашната улога не може да оди без придружба, а тоа претставува голем проблем за персоналот кој е ангажиран за неа“, вели извор близок до кралското семејство.
Текстот И телохранителката на Меган даде отказ е превземен од Reporter.mk.