Војводата и војвотката од Кембриџ, Вилијам и Кејт Мидлтон, Божиќ ќе го минат заедно со војводата и војвотката од Сасекс и Хари и Меган Маркл и на тој начин во јавноста ќе ја покажат својата солидарност, пишува „Дејли Мејл“.
И покрај извештаите во медиумите дека кралските двојки годинава ќе ги минат новогодишните празници одвоено, сепак последните извештаи кои доаѓаат од кралското семејство откриваат дека четворицата ќе бидат заедно со кралицата Елизабета во Норфолк, на прославата на традиционалниот кралски фамилијарен фестивал.
И покрај тоа што плановите биле направени уште пред две недели, сепак останува фактот дека Кејт и Меган не се премногу пријателски настроени, нешто што беше пишувано во медиумите во изминатиот период.
Шпекулациите почнаа да се шират минатиот месец, откако Меган и Хари навестија дека ќе се преселат од Кенсингтонската палата, каде во моментов живеат и ќе се преселат на имотот во Виндзор, каде што треба да го дочекаат новиот член во кралското семејство.
Двајцата го избраа местото и поради мајката на Меган, Дориа која е планирано да помогне околу нејзиното породување.
Добро известен извор за „Дејли Мејл“ ги потврдил информации дека двете кралски двојки ќе бидат заедно во Норфолк, но не негира дека Меган и Кејт Мидлтон не се во најдобри односи и дека меѓу двете постои тензија.
Текстот Иако не се поднесуваат Кејт и Меган ќе го минат Божиќ заедно е превземен од Reporter.mk.