Концертите кои пејачот Енрике Иглсисас требаше да ги одржи во Хрватска Латвија и Белорусија се откажани, пренесуваат хрватските медиуми. Новите датуми за концертите кои беа закажни во Загреб, Минск и Рига ќе бидат наскоро објавени, а истите ќе бидат одржани на слични локации, велат од тимот на шпанскиот пејач.
Преку соопштение тие истакнааа дека бугарскиот промотор ArtBG не го испочитувал договореното и дека продавал влезници, промовирајќи ги концертите без да да му платат на Иглесиас. Од продукциската куќа „Евентим“ која ги продавала картите велат дека наскоро ќе излезат со нови подетални информации за концертите.
„Организаторот е од Бугарија, а ние како посредник продававме влезници во име и на негова сметка. Иако сеуште собираме информации од организаторот и изведувачот, веруваме дека во наредниот период ќе можеме да објавиме повеќе информации за откажаните концерти и ќе излеземе со дополнително упатство за обожавателите“, изјавила Антонија Никиќ од „Евентим“ за „24 часа“.
Бугарскиот тим на ArtBG се претставувал како локален промотор и за други музичари како што се Брајан Адамс и Малум.
Лажниот промотор ги собрал парите и избегал. Не ги платил трошоците ниту за концертните сали, а не им платил ниту на музичарите. Во јавноста се шират информации дека екипата на ArtBG земала околу еден милион евра, од зарабтка со продажбата на влезниците.
Текстот Иглесиас ги откажа концертите во Хрватска, Латвија и Белорусија, промоторот го измамил и побегнал со милион евра е превземен од Reporter.mk.