Деновиве почна со снимање на третата сезона од серијата „Преспав“, во која меѓу главните актери игра и Игор Џамбазов, кој го глуми ликот на постариот брат Миле.
За потребите на серијата во една од сцените Џамбазов требаше да легне во мртовечки сандак па објави и фотографија со коментар “ втората сезона ја преживеав , но за третата ќе видиме понатаму“.
„Се екипиравме и продолжуваме со снимањето. Сега добивме засилување со Маринова и продолжуваме да газиме како досега. Нашата публика етапно се зголемува со текот на времето и веруваме дека ќе продолжиме по истите чекори како и досега“, изјави за „Репортер“ еден од главните актери во серијата, Игор Ангелов.
Продуцентот Пеце Талески најави дека ова ќе биде најквалитетната и најзабавна серија снимена досега.
Текстот Игор Џамбазов: Втората сезона во „Преспав“ ја преживеав, за третата ќе видиме е превземен од Reporter.mk.