„Те dua, жими мене“ е новиот независен македонски филм чие снимање ќе почнува денес во во Скопје, во режија на Марјан Гавриловски, а по сценарио на Никола Кузелов.
Приказната е за квази фраер, коцкар и хармоникаш, кои трудејќи се да ја вратат дома купената жена од Албанија стануваат дел од мафијашка зделка.
Во филмот ќе играат Тони Михајловски, Игор Џамбазов, Мими Таневска, Атанас Атанасовски, Сенко Велинов, Рујиш Беговска, Мирсад Абази, Ангела Стојановска, Никола Кузелов, Талија Настова, Исмаил Касуми, Ангела Димитрова, Валентин Видович, Надица Петрова, Елдин Широки, Флакрон Алиу и други.
Снимањето ќе трае околу 30 дена на локации низ Скопје, а премиера на филмот се очекува на крајот на следната година.
Текстот Игор и Тони, квази фраери со купена невеста од Албанија е превземен од Reporter.mk.