Српската пејачка Северина и нејзиниот сопруг Игор Којиќ се разведуваат, пишува српскиот таблоид „Свет.рс“. Како причина за разводот е наведено тоа што пејачката не може да раѓа деца.
На насловната со која излезе „Свет.рс“ пишува Игор ја остави Северина затоа што не може да раѓа. Плус: Игор и Северина се опседнати со црна магија. Досега никој се нема огласено на ваквите гласини, ниту Северина, ниту Игор.
Блиски извори до пејачката велат дека станува збор за гласини и дека Северина неодамна објавила на социјалните мрежи видеа од спот кој го снимила за време на венчавката со Игор Којиќ. На неодамнешното гостување на ХРТ во емисијата „Во свој филм“, Северина се отвори и за разводот од српскиот бизнисмен Милан Поповиќ.
„Тоа беше тежок период за мене. Пет години мачење. Не би зборувала за причините, но од тој убав живот каде се занимавате со песни, оддеднаш сè е сосема поинаку. Јас се повлеков поради детето. Нашиот систем не функционира, а за некои работи треба да се зборува. Јас затоа и прозборев. Институциите не си ја работат својата работа, немам доверба во нив. Јас можам да кажам само „начув нешто“, „наводно“, во спротивно ќе бидам тужена. Подобро ми е кога зборувам за музиката“, изјавила Северина.
Текстот Игор ја остава Северина затоа што не може да раѓа е превземен од Reporter.mk.