Поранешниот ракометар на „Вардар“, Игор Карачиќ, утре првпат со репрезентацијата на Хрватска ќе игра за злато на Европското првенство. Еден од омилените играчи на македонската публика, кој осум години живееше во Скопје, е избран и во идеалниот тим на шампионатот. Освен што наголемо се зборува за неговата љубов со манекенката Душица, тој има интересна приказна, за која пишуваше и „Би-би-си“. Познатиот светски канал направи репортажа за Игор и за неговиот брат Иван, кои се можеби единствените браќа во Европа што играле еден против друг во спротивни репрезентации, а живееле во иста куќа. Игор за Хрватска, а Иван за Босна и Херцеговина. И нивниот најмал брат Горан е спортист, тој е голман на БиХ.
„Многупати со Иван сме играле еден против друг, а на Светското во Катар игравме репрезентација против репрезентација. Ни ден денес не знам за кого навиваа тогаш моите родители“, раскажува Карачиќ.
За шампионатот во Бања Лука кога Иван ќе го избркал од дома Игор, а пак завршиле во иста куќа дома кај родителите, како реагираат нивните родители кога браќата се натпреваруваат еден против друг, за животот во Скопје и деновите во „Вардар“, како од каратист станал ракометар… гледајте го интервјуто.
Александра Георгиев
Текстот Игор Карачиќ: Брат ми ми е најтешкиот противник е превземен од Reporter.mk.