Игор Којиќ: Молете се за Милан Поповиќ

По вчерашните објавени фотографии со голата Северина, кои брзо се раширија на интернет, рамнодушен не остана ниту нејзиниот сопруг Игор Којиќ. Синот на Кеба објави пост со хаштаг посветен на поранешниот сопруг на пејачката, Милан Поповиќ.

Игор Којиќ објави фотографија од него и синот на Северина.
„Драги мои. Гледајте своето време да го минете со своите најмили во среќа, токму како на оваа фотографија на која монтажата и другите техники не ѝ можат ништо“, напиша Игор под фотографијата и додал хаштаг #prayformilanbrain, алудирајќи на поранешниот сопруг на пејачката.

Вчера Северина се најде во центарот на вниманието откако на социјалните мрежи излегоа фотографии од неа како гола позира на кревет.  Нејзиниот менаџер го обвини Милан, кој по изгубените судски спорови решил на секој можен начин да наштети на имиџот на неговата клиентка.

Оние кои ги имаат видено фотографиите коментираат на социјалните мрежи дека автентичноста не е доведена под знак прашалник. Други оставаат можност дека се работи за фотомонтажа и сметаат дека друга девојка слична на Северина позира на фотографиите.

 

 

Текстот Игор Којиќ: Молете се за Милан Поповиќ е превземен од Reporter.mk.