Игор Којиќ оставил запалив предмет пред станот на поранешниот менаџер на Северина

Сопругот на Северина, Игор Којиќ му оставил запалив предмет пред станот на поранешниот менаџер на пејачката Едвит Софтиќ, пишуваат српските медиуми.

Ова е втор ваков регистриран случај, по пријавата на поранешниот партнер на пејачката Милан Поповиќ. Српскиот бизнисмен изјавил дека претходно пронашол свеќа во својата зграда каде живее, за која изјавил дека му ја оставил Игор Којиќ кој имал цел да го заплаши.

„На овој мистериозен објект кој личи на свеќа е работено подолг период. Предметот наликуваше на свеќа, но внатрешноста беше наполнета со катран. Предметот беше изработен на таков начин, што катранот истекуваше од него. Тоа некој го работел со некаква цел. Дали сака да ме заплаши за да си заминам од Хрватска, или сака да ме уништи материјално, не знам“, изјави претходно за медиумите поранешниот партнер на Северина, српскиот бизнисмен Милан Поповиќ.

„Бев во шок затоа што не сватив за што се работи. Ми требаше некое време за да видам за што се работи и како да постапам понатаму. Се доближив до предметот за да видам за што станува збор. Почувствував мирис на катран. Предметот гореше, но ветерот го угасна па не изгоре до крај“, објаснил Милан Поповиќ.

 

Текстот Игор Којиќ оставил запалив предмет пред станот на поранешниот менаџер на Северина е превземен од Reporter.mk.